Отворени денови на СЕП за ученици од петто одделение

Од:

Секретаријатот за европски прашања од денеска до 4 мај ќе биде домаќин на ученици од 5. одделение од училиштата на територијата на Република Македонија во рамките на едукативниот проект „Отворени денови на СЕП за ученици од петто одделение“.

Овој проект кој се одржува во месец мај (месецот на Европа) има цел одблиску да ги запознае учениците со суштината и темелните вредности на Европската унија.

Исто така, има цел да ги запознае со улогата на дејствувањето на СЕП, како институција задолжена за координација на процесот на пристапување на Македонија во големото европско семејство, во годината кога прв пат во нивното образование наставната програма предвидува едукација за ЕУ.

Во рамките на овој проект СЕП ќе ги отвори вратите за околу 900 ученици од 5. одделение, од 12 училишта на територијата на Република Македонија, кои се пријавија на отворениот повик на Секретаријатот за учество во едукативниот проект.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование