Отворен повик за учество на школа за човекови права за млади

Од:

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија ќе ја оддржи 35-тата Школа за човекови права за млади од 15-ти до 21ви ноември, 2014 година во хотел Романтик, Велес. Оваа Школа е поддржана од страна на Амбасадата на Федерална Република Германија во Скопје и има за цел да ја покрене свесноста на младите за концепот на човековите права, недискриминација и толеранција на различностите.

За таа цел, сите заинтересирани млади на возраст од 16 до 19 години можат да ги поднесат своите апликации согласно долунаведените правила за аплицирање доставени најдоцна до 07.11.2014 година по е-пошта на: [email protected]. На школата ќе бидат опфатени теми поврзани со основите познавања и механизми за заштита на човековите права и слободи согласно меѓународното и националното законодавство како и запознавање со концептите на недискриминација, толеранција и мултикултурализам.

Правила за аплицирање:

1. Мотивационо писмо на 1 страна: Зошто сакам да учествувам на Школата за човекови права?

2. Кратка биографија (CV)

3. Пополнета и скенирана апликација достапна на линкот тука.

Комитетот ги охрабрува сите млади без разлика на нивната етничка и религиозна припадност да се пријават на оваа школа со цел да се дружат, учат  и запознаат со нивните врсници од Македонија и да станат членови на младинската група на Хелсиншкиот комитет. Јазици на кои ќе се одвива школата се: македонски јазик со достапен превод на албански јазик. 

Би можело да ве интересира

Хелсиншки комитет: Институциите мора да ги заштитат осудениците во висок ризик

Ана Ололовска

„На образованието му треба сериозно проветрување од насилници“

Ана Ололовска

Хелсиншки комитет: Инсистираме на објективна и навремена истрага и одговорност за трагедијата во тетовската болница

Ана Ололовска

Хелсиншки комитет за човекови права: КСЗД утврди – Мото клубот Пелистер врши директна дискриминација

Ана Ололовска

Анализа: Пандемијата ја продлабочи нееднаквоста на лицата со попреченост

Ана Ололовска

Хелсиншки комитет за човекови права: Годишен извештај за криминалот од омраза во 2020, регистрирани 104 вакви инциденти

Ана Ололовска