Отворен конкурсот за Патуваме во Европа 2015

Од:

И ова лето, повторно преку проектот „Патуваме во Европа“ 12 студенти од Македонија ќе добијат уникатна можност да ја истражуваат Европа и да ја промовираат својата земја. Конкурсот е отворен за студенти кои имаат желба за патување, нови авантури и нови познанства.

За студентите од минатите години патувањето беше исполнето со безброј незаборавни спомени, а за можноста да ја истражат Европа ќе изјават: „Чекорејќи по далечното европско тло, сфатив дека иако мојот сон се претвори во јаве, никогаш нема да престанам да сонувам. Жарот за истражување на непознатите територии и различните култури нема никогаш да згасне, а мотивацијата која ја добив после ова патување е посилна од кога и да било досега. Всушност, само на овој начин, учејќи и разбирајќи ги различностите, како и согледувајќи ги бројните сличности, умееме светот да го сплотиме во едно.“

Студентите кои сакаат да бидат дел од тимот кој 22 дена ќе патува низ Европа можат да ги поднесат своите апликации до 30 јуни. Конкурсот е отворен за сите студенти во завршна година на студирање или апсолвенти, кои имаат просечна оценка поголема од 8,0 во текот на студирањето.

Од реализаторот на проектот, Граѓанската асоцијација МОСТ, со помош на донаторите и спонзорите, обезбедени се Inter Rail карта за неограничено патување со воз, ISIC картичка, патничко осигурување и дел од средствата кои ќе им бидат потребни за патувањето, на платежна картичка. Дополнително, за сите студенти кои ќе патуваат, донаторот Robert Bosch Stiftung организира фестивал во Берлин, на 29 и 30 јули, после кој секој студент самостојно ќе го продолжи своето Европско патешествие.

Конкурсот за пријавување на студенти е отворен до 30 јуни, а патувањето ќе започне на 28 јули. Аплицирањето е електронски, а формуларите и сите информации за проектот се достапни на интернет страната на проектот www.patvoevropa.org.mk.

Целта на овој проект е 12 студенти од Македонија, преку патување и посети, директно да се запознаат со демократските вредности, навики и култури во другите земји, и да ги промовираат и доближат тие вредности во Македонија. Во исто време студентите ќе ја промовираат и Македонија. „Патуваме во Европа” последните осум години е регионален проект, кој освен во Македонија се реализира и во останатите земји од Западен Балкан, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, како и Косово.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Објавена аудио снимка од хероите од Балтимор: „Веднаш блокирај го сообраќајот на мостот“

Горан Наумовски

Исчезнатите работници на мостот во Балтимор најверојатно загинале

Горан Наумовски

Сонар откри дека има возила во водата под урнатиот мост во Балтимор

(ВИДЕО) Ангелов револтиран поради мостот кај Визбегово: Некој може да биде убиен од овие коцки

А1он