Отворен Центар за одржување стандардизирани испити по кинески јазик во рамки на Институтот „Конфуциј“

Од:

Македонските студенти ќе можат да добијат објективна оценка за стекнатото знаење по кинески јазик и вистинска потврда за стекнатите јазични компетенции во лиценцираниот Центар за одржување стандардизирани испити по кинески јазик.

Ова го истакна потпретседателот на Универзитетскиот совет на Југозападниот универзитет за финансии и економија од Ченгду, НР Кина на отворањето на Центарот во рамки на институтот „Конфуциј“ при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“- Скопје. Посочи дека бројот на студенти и курсисти кои го изучуваат кинескиот јазик се зголемува, програмата со културни настани е поразновидна и побогата.

Станува збор за прв ваков Центар во Македонија, нагласи тој и изрази надеж дека ќе придонесе во иднина значително да се зголеми бројот на студенти кои ќе го изучуваат кинескиот јазик.

Ректорот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“-Скопје, Никола Јанкуловски рече дека отворањето на Центарот се реализира неколку месеци по отворањето на заедничкиот Центар за студии за Кина и земјите од Централна и Источна Европа и Балканот, кој во декември го основале на Факултетот за меѓународен бизнис при Југозападниот универзитет за финансии и економија од Ченгду, чија канцеларија работи во рамки на Институтот „Конфуциј“ во Скопје.

– Фактот што ќе им овозможиме на нашите студенти можност да ги реализираат своите професионални амбиции и да бидат поконкурентни на меѓународниот пазар на труд ја покажува заложбата на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје за квалитетно високо образование и создавање врвен професионален кадар, потенцира Јанкуловски.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование