Отворањето на Охридско лето неизвесно

Од:

Отворањето на Охридско лето со музичко- сценскиот спектакл „Ромео и Јулија“ е незивесно. Синдикатот на сценско-музичките уметници и синдикатите на Операта, Балетот и Македонската филхармонија на прес-конференција се пожалија од третманот кој го добиваат од своите претпоставени кои им наметнуваат неприфатливи услови за време на престојот во Охрид.

Според нив недоличен е третманот кој го довоговриле претпоставените, односно дека им се одобрени по 2.000 денари за ден. Според солистите кои говореа на прес конеференцијата сосема е невозможно со одобрените средства да си обезбедат хотелско сместување, да платата три оброка дневно, но и да ги покријат другите трошоци, како превоз до местото каде што ќе настапат и каде што ќе имаат неколку проби. Според нив проби има неколку пати во денот а тие не можат да одат пеш со инструментите кои се прилично тешки.

Несогласувањата помеѓу солистите и нивните раководители траело подолго време, но кулминирало последниве две седмици. Тие се пожалија дека нивните раководители се обидувале да ги притиснат со краткиот рок до почетокот на фестивалот за да ги прифатат условите, а велат тоа е недолично невреднување на трудот на уметникот. Дополнително ги револтирал фактот што различно се третирани странските уметници.

Тие ги обвинија само нивните претпоставени и рекоа дека имаат само лоша комуникација со нив, а не и со организаторите на Охридско лето и Министерството за култура.

 

 

 

Би можело да ве интересира

„Синот на кројачот“ од Јелена Бачиќ Алимпиќ меѓу новите изданија во акцијата „Со книга на плажа“

Незаборавна Шпанска вечер на „Охридско лето“ со триото „Вибрарт“

„Коулун, заградениот град“ од Јана Узунова, книга бр. 250 во едицијата ПРОаЗА на Или-Или

Променета локација на концерт на Скопско лето

„Со книга на плажа“ во полн ек: „Матица“ ги објави „Ослободи ме“ и „Пронајди ме и Отворената врата“ од Лорелин Пејџ

ТМУР со концертна промоција на деби албумот „Пустохија“ во КОТУР