А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Отворање на полетилиште за параглајдинг во Крушево

by А1он23/07/2014 - 11:27191
Share0

Полетилиште за параглајдинг денеска ќе биде пуштено во употреба во Крушево.

Добивај вести на вибер

Инвестицијата е проект на УСАИД за експанзија на мали бизниси, а се реализира во соработка со Општина Крушево, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Воздухопловната федерација на Република Македонија и искусни параглајдеристи од земјата.

Полетилиштето именувано „Мечкин Камен – Исток” се наоѓа во близина на локалитетот Мечкин Камен.

На настанот Златко Спиркоски, инструктор по параглајдинг, ќе ја претстави новопоставената опрема на полетилиштето и ќе ја демонстрира нејзината употреба.

Пред присутните ќе се обрата Џејмс Стаин, директор на мисијата на УСАИД во Македонија, Ѓорѓи Дамчески, градоначалник на Крушево, директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Кристијан Џамбазовски и претставник од Воздухопловната федерација на РМ.

Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси оваа година ќе опреми четири полетилишта и слетишта за параглајдинг во Македонија.

Параглајдингот е популарен кај странските спортисти и кај туристите, кои ги користат услугите на локалните клубови за параглајдинг. Се очекува новата опрема да ги направи овие терени попривлечни за странските и домашните посетители со што ќе ја помогне локалната економија.

krusevo

Би можело да ве интересира

Намалена видливост од магла во Крушево и на премините Стража и Плетвар

Горан Наумовски11/01/2025 - 13:28

Утрово најстудено во Берово, најтопло во Крушево

Горан Наумовски02/01/2025 - 09:14

(ВИДЕО) Параглајдеристот кој имаше несреќа во Крушево заминува дома

Горан Наумовски13/09/2024 - 13:57

Повреден параглајдерист во Крушево, се пренесува со полициски хеликоптер

Горан Наумовски01/09/2024 - 19:13

Крушево: Отворена манифестацијата „10 дена Крушевска Република“

Горан Наумовски02/08/2024 - 09:14

За Илинден до Крушево да се користат патните правци преку Битола и Кичево

Горан Наумовски02/08/2024 - 07:50
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен