Откриени 13 битолчани кои краделе низ градот

Од:

Секторот за внатрешни работи-Битола соопшти дека во октомври се отркиени и расветлени десет кражби во куќи, за што се поднесени  девет кривични пријави против 13 сторители заради постоење на основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба“.

Од СВР-Битола посочуваат дека од пријавените тројца се малолетни, а десет лица се полнолетни коои направиле штета од 790.500 денари. Две од кривичните дела се сторени во 2012 и 2013 година, а останатите осум во текот на 2014 година.

– Меѓу  расветлените кривични дела е и кражба сторена во август 2014 година со која е предизвикана штета од 270.000 денари, за која е поднесена кривична пријава против лицето А.Б. (22 г.), кој со цел да се стекне  со противправна имотна корист, со употреба на  физичка сила,  во куќа во Битола, ја турнал и отворил двокрилната врата која била затворена со електрична брава, влегол низ заеднички скали кои ги користат три семејства, се упатил на вториот кат и со употреба на алат – лост делувал во пределот на трокрилната дрвена врата и  откако влегол и  извршил пребарување одзел машки и женски накит, рачен машки часовник и 480 австралиски долари и 3.000 денари, информираа од Секторот за односи со јавност при СВР-Битола.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филмски грабеж на замрзнато пилешко во Египет

А1он

(ВИДЕО) Кражба на бакар од електро влечната потстаница Драчево, предизвикана е штета од 5 милиони евра

А1он

Крадци украдоа сеф со 200.000 евра од менувачница

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка