Откриен сторителот на две тешки кражби во Штип

Од:

Дваесет и седумгодишниот Ѓ.М. е сторител на две тешки кражби извршени во куќата на 81-годишната Р.Ј. од Штип. Полициските службеници од СВР-Штип и од Полициската станица ги расветлија двете кривични дела разбојништво, од кои едно кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“ и едно кривично дело „тешка кражба“.

Како што информира денеска портпарол на СВР-Штип, Гордана Панјотова пријавениот во два наврати, на 16 и 23 јуни, со намера за себе да прибави противправна имотна корист со употреба на сила и подесен предмет ја отворил влезната врата на куќа на ул.„Личка“ во Штип сопственост на 81 годишната Р.Ј. од Штип, влегол внатре при што и во двата наврати физики ја нападнал и со закани и одзел златен накит и пари.

Од страна на судија на претходна постапка на Ѓ.М. одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

Во денешниот билтен на СВР-Штип се бележат два физички напади во Штип и Свети Николе и една тепачка во Македонска Каменица, во која учествувале четири лица на возраст од 22 до 30 години.

Би можело да ве интересира

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Девет лица отишле да ја ограбат „Пелагонија“, натовариле три возила – фатени се на дело

Велешанка го ограбила мажот со кој претходно била во врска

Крадела новчаник од пациентка во болницата во Тетово, 42-годишна жена фатена на дело

Анита Петровска Рајковиќ

Полицијата расчисти пет тешки кражби во Битола

А1он