Откажани утрешните летови Атина – Скопје и обратно, поради штрајк на контролорите на летање

Од:

Поради најавениот четиричасовен прекин на работа на Унијата на грчките контролори на летање и нивното учество во генерален штрајк организиран од Синдикатот на вработени во јавниот сектор во Грција, откажани се утрешните летови од Атина кон Скопје и обратно.

Од грчката авиокомпанија „Ејџиан ерлајнс“ соопштуваат дека се откажани летовите од и кон Скопје и од и кон Ларнака и уште 14 домашни летови.

На атинскиот аеродром ќе нема летови во периодот од 11 до 15 часот по локално време.

Би можело да ве интересира

Сали за инцидентот на Скопскиот аеродром: Гаши не ги прекршил ингеренциите

Пацоли за случајот Османи: Функционер на ИАТА ми потврди дека нема имунитет што може да ја избегне контролата

Предраг Петровиќ

Се огласи ТАВ по инцидентот на скопскиот аеродром

„Луфтханза“ ќе почне да лета од Франкфурт до Скопје од април 2023

Африканци се обиделе да влезат во Македонија со туѓи пасоши, полицијата кај нив пронашла шишиња со непозната течност

А1он

Кривични пријави за две лица кои приложиле лажни ПЦР тестови на Скопскиот аеродром

А1он