Откажани и пренасочени летови на скопскиот аеродром, маглата направи хаос

Од:

Поради густата магла која ја зафати скопската котлина, а која предизвика намалена видливост, на Меѓународниот Аеродром Скопје, денеска – 20 декември 2025, од 00:00 часот до 18 часот, има 16 откажани и 11 пренасочени летови, информираат од ТАВ Македонија.

– Три авиони слетаа и три авиони полетаа после пладне, кога се подобрија временските услови. Слетаа авионите од Дортмунд, Истанбул и Париз, а полетаа за Истанбул, Осло и Баден-Баден. Согласно временската прогноза која ни стигнува од Метео-службата на М-НАВ, намалена видливост се очекува и во текот на ноќта. Бидејќи временските услови се менуваат постојано, апелираме до сите патници да ги следат информациите и насоките за нивните летови кои ги добиваат од авиокомпанијата со која летаат. За патниците и јавноста би сакале да појасниме дека Меѓународниот Аеродром Скопје не е затворен.Аеродромот е постојано отворен, без разлика на временските прилики, а нашиот персонал е подготвен да ги прифати, услужи и испрати и авионите и патниците, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Сообраќајки, замрзнати улици, активиран Кризен штаб по падот на температурите

Магла на планинските превои Стража и Плетвар, патниот правец Бунец – Маврови Анови и во Крушево

Магла на патиштата – отежнат сообраќај на повеќе правци

Магла на Стража, снег на Попова Шапка

Горан Наумовски

Намалена видливост поради магла на патните правци Страцин – Кратово, Скопје -Тетово, Велес -Скопје и Куманово -Скопје

Скопскиот аеродром повторно во нормала, но маглата предизвика осум откажувања

Горан Наумовски