Осветен нов конак во манастирскиот комплекс „Свети пророк Илија“ во Долно Јеловце

Од:

На црковен собир, во присуство на бројни гости, во гостиварско Долно Јеловце денеска беше осветен новоизградениот конак во манастирскиот комплекс „Свети пророк Илија”.

Со чинот на осветувањето чиноначалствуваше митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф со свештенослужители на гостиварското архиерејско намесништво.

Свечениот, значаен ден за селото и поширокиот гостиварски регион, беше збогатен со промоцијата на монографијата „Манастир Свети Пророк Илија” од публицистот и новинар Киро Кипроски. Обемната монографија содржи текстови и над 130 оригинални фотографии низ кои авторот ги бележи најзначајните моменти и ликови од историјата на Долно Јеловце.

На свеченоста, беше кажано дека изградбата на манастирскиот комплекс, пристапниот пат и други зафати го направија селото привлечна локација за посета и престој, а само пред петнасетина години беше без жители.  Во знак на благодарност, Црковниот одбор, кон ктиторите на комплексот на Јован и Љупче Пејчиноски, по извршениот чин на осветувањето, им додели плакети.

Би можело да ве интересира

Арамии провалиле во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ и го ископале подот

Став на Мицкоски за случајот „Галате“: Ваков тип на инциденти ќе има и во периодот кој што следи

Жителите на Галате бараат мирно решение на случајот и се оградуваат од настаните

Горан Наумовски

Случај црква Св. Петка во Галате: Обвинителство демантира дека издало наредба за приведување

Горан Наумовски

Хрват и радовишанка сакале да ограбат црква, со нож му се заканувале на клисарот

Горан Наумовски

Вандализирана црквата „Свети Атанасиј“ на тетовско Кале