Осумгодишно дете од Скопје почина по напад од куче

Од:

Осумгодишно дете од скопската населба Пинтија почина по напад од куче од расата Булмастиф. Трагедијата се случила откако детето се приближило до дворот каде што го чувале кучето, по што било нападнато.

Детето со тешки телесни повреди е префрлено во Градската општа болница каде починало.

Вчера во 18:25 часот од ГОБ „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив било донесен малолетник од Скопје, кој според пријавеното подлегнал на повредите како последица од напад од куче, сопственост на неговиот сосед Н.Г. Известен е јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштуваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Две сообраќајни несреќи со жртви во еден ден

Воз му ја прегази ногата на мигрант од Алжир во Гевгелија

Скопјанец ја тепал и ја избркал сопругата од дома, децата ги заклучил во тоалетот

Катерина Ѓуровски

Приведен вработен во МВР, возел во спротивна насока, а кога бил запрен, му се заканувал на полицискиот службеник

Катерина Ѓуровски

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода