Осум лица затруени од храна во сендвичарница во Делчево

Од:

Осум лица, меѓу кои има и деца, вчера се затруле од храна во една позната сендвичарница во Делчево.

Во Јавната здравствена установа „Гоце Делчев“ во Делчево лекарска помош побарале осум лица, кои се пожалиле на повраќање откако конзумирале храна од сендвичарницата.

Како што дознава МИА, осуммината веднаш биле пренесени во Медицинскиот центар во Штип. Тие се хоспитализирани и се наоѓаат во стабилна здравствена состојба.

Во угостителскиот објект на увид биле испратени претставници од Епидемиолошката служба – Делчево, Заводот за здравствена заштита – Кочани и Државниот здравствен инспекторат.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Делчево: Нема никаква злоупотреба на службена положба, постапив според закон

А1он

Градоначалник на Делчево незаконски вработил лице кое по закон требало да биде пензионер

Поради сообраќајка во прекин е сообраќајот на патот Македонска Каменица – Делчево

Маж од Делчево на сопругата и на ќерката им испраќал заканувачки и невредливи пораки

Задутре времен застој на Г.П. „Делчево” заради градежни работи

Стан изгоре во пожар во Делчево