Осуденик пронајден починат во затворот во Штип

Од:

Четириесетгодишен осуденик од Скопје, кој издржувал затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Штип, е пронајден починат во својата соба, информираат од Секторот за внатрешни работи Штип при МВР.

Случајот бил пријавен во полиција вчера во 10:35 часот од страна на затворската управа. На местото на настанот пристигнала екипа на Итната медицинска помош, при што лекар констатирал смрт, а на телото на починатиот не биле забележани видливи траги на насилство.

„Вчера во 10:35 часот во СВР Штип од КПУ – Затвор Штип е пријавено дека во соба во установата е пронајден починат осуденикот В.М. (40) од Скопје“, соопштуваат од полицијата.

По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, со цел да се утврдат причините за смртта.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Полицајци му помагале на затвореник да си ја најде дрогата, лажеле дека бараат „часовник кој му го зела кучката Цеца“

Затвореник со стаклена чаша нападна и повреди затворски полицаец

Инцидент меѓу осуденици во штипскиот затвор

Затвореник од штипскиот затвор сакал да препродава хероин

Полицијата пронајде дрога во затвор во Штип

Инцидент во штипскиот затвор, еден затвореник e прободен со нож и е пренесен во болница

Горан Наумовски