Осуда на последните политички случувања од младите

Од:

Европскиот младински форум (ЕМФ), најголемото претставничко тело на младите во Европа и Националниот младински совет на Македонија со заедничко соопштение ги осудуваат последните политички случувања и повредата на мирните и демократски процеси, како и вклучувањето на младите луѓе во нив.

– Ја изразуваме нашата загриженост што помеѓу луѓето кои насилно го изразуваа своето незадоволство се наоѓаа и млади луѓе. Ваквиот начин на изразување на незадовоство е спротивен на Европските демократски вредности. Дополнително ние ја поддржуваме слободата на здружување и слободата на говорот и бараме сите страни да се воздржат од секаков повик за насилство и говор на омраза, се вели во соопштението од Националниот младински совет.

Говорот на омраза и тензиите, се додава, достигнуваат невидени размери и во однос на тоа, младите како најранлива група се наоѓаат во многу тешка ситуација.

– Тековната политичка криза и нејзиното редовно или често ескалирање создаваат опасна средина за младите која го оневозможува нивното активно учество во општеството. Со цел да се избегнат идни тензии и одржување на благосостојбата на младите луѓе, ги повикуваме сите политичари итно да најдат решенија кои ќе ги одблокираат демократските процеси и ќе создадат услови за правилен и неопходен развој на младите луѓе, се нагласува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Дебата по повод Меѓународниот ден на младите

Наум Локоски

Национален младински совет на Македонија со приоритетни барања до парламентарното мнозинство

Наум Локоски

Конференција на Националниот младински совет за подигнување на младинската вработливост

Наум Локоски