Национален младински совет на Македонија со приоритетни барања до парламентарното мнозинство

Од:

Националниот младински совет упати барања до идната влада.

„Во пресрет на процесот за формирање на нова Влада на Република Македонија, предводена од СДСМ и коалиционите партнери, Национален младински совет на Македонија (НМСМ), како најголемо претставничко тело на младите, со поддршка на Европски младински форум, упатува приоритетни барања до новото парламентарно мнозинство.

Како најитни приоритети поврзани со НМСМ и со младинските прашања и процеси во земјава, ги издвојуваме следниве:

1. Признавање на Националниот младински совет на Македонија како единствено претставничко тело на младите во Македонија;

2. Определување на средства за НМСМ од Буџет на Република Македонија на годишно ниво;

3. Ревидирање на Националната стратегија за млади;

4. Ревидирање и реформирање на Агенцијата за млади и спорт;

5. Структурна консултација со НМСМ за сите прашања и политики поврзани со млади;

6. Поништување и повторување на процесот за избор на младински претставник од Македонија во Регионалната канцеларија за меѓународна соработка (RYCO);

Поставување на овие прашања како приоритети на новоформираната Влада би претставувало значителен чекор кон подобрување на положбата на младите во земјава, поставување на младите како приоритет и значителен напредок кон обезбедување вистинско младинско учество.

Национален младински совет на Македонија, кој обединува 49 сојузи, младински организации, организации за млади и подмладоци на политички партии, во изминатите 4 години активно делува кон застапување на младинските прашања и предизвици, позиционирајќи се како релевантен актер во процесите на носење на одлуки на национално и локално ниво.

Европскиот младински форум како тело кое вклучува повеќе од 100 национални совети, интернационални организации и мрежи од цела Европа и има воспоставено структурна соработка со Европска комисија, испрати своја поддршка кон ваквите барања“ се вели во соопштението на Националниот младински совет на Македонија

Би можело да ве интересира

Дебата по повод Меѓународниот ден на младите

Наум Локоски

Осуда на последните политички случувања од младите

Наум Локоски

Конференција на Националниот младински совет за подигнување на младинската вработливост

Наум Локоски