„Остаток од друг век“ на Маџиров меѓу петте најдобри поетски книги во САД во 2012

Од:

Стихозбирката „Остаток од друг век“ на Никола Маџиров е избрана меѓу петте најдобри поетски книги за 2012 година во САД според американскиот магазин „Манархи“, заедно со „Половина довршен рај“ на нобеловецот Томас Транстромер.

Уредникот на листата Едвард Ратке пишува дека песните на Маџиров „ја допираат и обземаат вашата душа, кои продираат длабоко во неа, песни кои ги носите со себе со денови и месеци и години“.

– Прекрасна и хипнотизирачка, оваа стихозбирка го обнови мојот интерес за современата поезија, со која изгубив контакт во последните години. И мило ми е што се случи тоа, бидејќи без оваа книга, оваа листа немаше да постои, пишува Ратке.

Поезија од Никола Маџиров е објавена и во најновиот број на „Преари Скунер“ во Небраска, едно од најстарите американски книжевни списанија кое редовно се печати од 1926 година. Напролет Маџиров ќе одржи поетски читања во Лос Анџелес, Њујорк и во други американски градови.

Би можело да ве интересира

Турската кинематографија во фокусот на „Бич филм фестивал Охрид“

„Синот на кројачот“ од Јелена Бачиќ Алимпиќ меѓу новите изданија во акцијата „Со книга на плажа“

Незаборавна Шпанска вечер на „Охридско лето“ со триото „Вибрарт“

„Коулун, заградениот град“ од Јана Узунова, книга бр. 250 во едицијата ПРОаЗА на Или-Или

Променета локација на концерт на Скопско лето

„Со книга на плажа“ во полн ек: „Матица“ ги објави „Ослободи ме“ и „Пронајди ме и Отворената врата“ од Лорелин Пејџ