Осомничен испратил честитка до обвинител: Се надевам дека следното видување ќе ни биде за весели моменти, за славење

Од:

Осомничен во случај кој го води Јавното обвинителство, испратил писмо до надлежниот обвинител во кој води случај против него за да му ја честита Новата година, но и да му посочи дека со откривањето на делото кое го сторил му се променил животот. Според делот од писмото кое Обвинителството го испрати до медиумите, осомничениот посочува дека токму постапувањето на обвинителот го натерало во иднина да размислува за своите постапки.

„Иако ‘de jure’ сум видновен за случката и чувствувам одговорност за којата реакција во ковната вечер, сепак мислам дека сум жртва на сиромаштија и нечовечноста која што за жал зема се поголем замав кај нас луѓето и не тера да се служиме со секакви нечесни работи за да би дошле до парче леб. Како и да е, јас сум ви благодарен што ми влеавте доверба и надеж дека ништо не е изгубено“, стои во дел од писмото

Осомничениот од Јавното обвинителство му посочува на обвинителот дека се надева оти испратеното писмо ќе му биде поттик и во иднина да постпаува како и досега.

Од Обвинителството посочуваат дека постапувале против повеќе од 25.000 полнолетни сторители на кривични дела.

„Со оглед на тоа што согласно Законот за кривична постапка, основно право и должност на јавниот обвинител е да ги гони сторителите на кривични дела за кои гонењето се презема по службена должност, во јавноста често е присутна перцепцијата дека постои конфликт меѓу обвинителот и осомничениот, односно дека тие се на спротивставени страни. Но, во реалноста, јавниот обвинител е на страната за законот, неговата улога е да го штити општеството од криминалот и превентивно да делува во насока на спречување на идни кривични дела. Оваа улога на јавниот обвинител многу често ја разбираат и осомничените, кои понекогаш самите признаваат дека сториле кривично дело и се подготвени да ја сносат санкцијата што ќе им биде определена низ една законита постапка“, објаснуваат од Обвинителството.

Според нив, писмото кое го добиле е потврда за нивното правилно постапување.

Би можело да ве интересира

Обвинителство изврши увид по тешката сообраќајка на патот Кичево – Гостивар

А1он

ОЈО бара мерки за претпазливост за последниот 19-ти осомничен со кого е проширена истрагата за пожарот во Кочани

А1он

Обвинителството бара продолжување на мерките притвор и куќен притвор за сите осомничени за пожарот во Кочани

А1он

24-годишен маж крвнички ги истепал децата на партнерката, едно дете е во животна опасност

Во влез од зграда во Скопје нападна и допираше девојка, ОЈО отвори постапка

А1он

Четворица обвинети за пукањето во близина на зградата на Општина Чаир