Осмоодделенка од Куманово ќе учествува на балканска олимпијада по математика

Од:

Осмоодделенката Теа Стоилковска од кумановското училиште „Браќа Миладиновци” на 23 јуни годинава во Анталија, Турција, ќе учествува на јуниорската балканска математичка олимпијада, на која ќе се натпреваруваат над  120 ученици од дваесетина држави.

– Освоив златен медал во конкуренција на 40 најдобри математичари од државата. Имав чест да влезам во македонската репрезентација. Ова за мене претставува голем успех и предизвик. Очекувам успехот да го потврдам на Балканската олимпијада и да се вратам со медал, изјави Стоилковска.

Општина Куманово финансиски ќе ги поддржи патните трошоци за учеството на младата кумановка на олимпијадата.

– Успехот на Теа Стоилковска е и успех за нашата општина и држава. Во рамките на своите можности Општина Куманово секогаш ги поддржува активностите на нашите ученици, а особено на оние кои се талентирани во одредена област. Се надеваме дека ќе се врати со успех и ќе придонесе Куманово да се вброи во редицата градови  кои се извор  на таленти, рече секретарот на општина Куманово, Валентина Алексовска.

Би можело да ве интересира

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on