Османи: Нека направи Мицкоски за албанскиот јазик пола од тоа што јас имам направено за македонскиот, Албанците ќе му бидат благодарни

Од:

Поранешниот министер за надворешни работи – Бујар Османи на својот Фејсбук реагираше по изјавата на премиерот Христијан Мицкоски. Му порача дека доколку направи пола од тоа што тој го направил за македонскиот јазик, Албанците ќе му бидат благодарни.

„Македонскиот јазик прифатен во ЕУ и преговарачката рамка без никаква фуснота. Потпишан првиот договор со ЕУ каде се признава македонскиот јазик (ФРОНТЕКС). За меѓународната афирмација на македонскиот јазик имам повеќе јас направено отколку било кој од нив. Нека направи премиерот Мицкоски за албанскиот јазик половина од тоа што јас имам направено за македонскиот, Албанците ќе му бидат многу благодарни, но уште поважно, нека не го загрозува тоа што други пред него го направиле“ – пишува Османи.

Претходно Мицкоски истакна дека човекот кој го распродавал неговиот идентитет не го почитува ни својот албански јазик.

„Претпоставувам дека претседателот го укорил својот потпретседател бидејќи му нанесува непоправлива штета со таа изјава по два основи. Првиот основ е директно мешање во правосудниот систем на една држава што е спротивно од било какви демократии кои што познава современото човештво. Човекот кој што преговараше и го распродаваше мојот македонски идентитет и мојот македонски јазик има најмал кредибилитет да зборува затоа што тој ако мене не ме почитува, не го почитува ни својот мајчин албански јазик“ – изјави Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Османи: Историски избори се пред нас, 19 октомври е референдум за иднината на Чаир

Бујар Османи: Овие избори во Чаир се борба меѓу народот и клика луѓе кои 20 години го ограбуваат

А1он

Османи: Ако во првите сто дена не го исчистам Чаир, нема да продолжам понатаму

Бујар Османи: Мобилна болница и здравствени тимови за подобра превенција на здравјето на граѓаните на Чаир

А1он

Бујар Османи: Предвремени избори ќе има во март или април

Османи: Граѓаните кои се измамени нема да бидат жртви на урбаната мафија