Оштетени се 34 автомобили на паркинг на булевар во општина Аеродром – штетата е околу 11.000 евра

Од:

Вкупно 34 патнички возила се оштетени на паркинг на булеварот „АСНОМ“ (од Ново Лисиче кон населба Аеродром), а вкупната материјална штета е проценета на околу 11.000 евра, информираат од МВР.

– Денеска (28.12.2025) во СВР Скопје е пријавено дека во периодот од 23:00 часот на 27.12.2025 до 09:00 часот на 28.12.2025 на паркинг простор на бул „АСНОМ” е извршено оштетување на 34 патнички возила со вкупна материјална штета од околу 11.000 евра – се наведува во информацијата од МВР.

Увид извршила екипа од СВР Скопје, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот, велат од полицијата.

Би можело да ве интересира

Нови пријави за семејно насилство во Македонија

А1он

Пријавено е насилство врз жени во Штип и во Виница

А1он

Почина 34-годишник во сообраќајка на патот Виница – Берово

А1он

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

Казнет е возачот кој „леташе“ со 293 километри на час на автопат кај Неготино

А1он

Тројца повредени во тешка сообраќајка на булевар во Скопје

А1он