Оштетени нови четири возила на македонски државјани во Грција

Од:

Граничната полиција евидентираше четири случаи на оштетување возила на македонски државјани кои летувале во Република Грција, пријавени на граничниот премин „Богородица“ во периодот од 28.08. до 08.09.2015 година.

МВР денеска соопшти дека се оштетени четири возила односно  патничко моторно возило „Chevrolet“ со скопски регистарски ознаки, управувано од лицето З.И. во местото Ксарти, на кој со црн и црвен спреј му била обоена шофершајбната и двете регистарски таблички. Потоа возило „Ford“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од лицето Д.С. во местото Паралија, со црн спреј му биле испрскани регистарските таблици во делот на ознаката МК како и дел од предниот и задниот браник покрај таблиците при што е прекриена ознаката МК, „Citroen C4“ со охридски регистарски ознаки, управувано од лицето Г.С. во местото Калитеа, со остар предмет му биле изгребани двете страни од преден до заден фар и бил оштетен знакот МК на задната странаи возило „VW Passat“ со кочански регистарски ознаки, управувано од З.З. во местото Ставрос, на хаубата со остар предмет му било изгравирано „МК=GR“.Освен оштетувањето на патничкото моторно возило „Citroen C4“ во Калитеа, се наведува во соопштението, останатите случаи не биле пријавени во грчката полиција.

Со овие четири нови случаи, билансот на оштетени возила на македонски државјани кои летувале во Грција, стои во соопштението од МВР, се искачи на 10, а евидентиран е и еден случај на кражба на регистарски ознаки.

Би можело да ве интересира

МВР: Се продолжува рокот за замена на регистарските таблици до 31 декември 2024 година

Нов случај на украдени таблици од македонско воизло во Грција

Ана Ололовска

Во Грција украдени регистерски таблички од македонски државјанин

Ана Ололовска

Нов случај на украдени регистарски таблици од македонско возило во Солун

Ана Ололовска

Украдени регистарски ознаки на македонско возило во Солун

Ана Ололовска

Нов случај на оштетено возило на македонски државјанин во Грција

Ана Ололовска