Општинска поддршка за граѓанскиот сектор во Демир Хисар

Од:

Општина Демир Хисар издвои 330.000 денари директна финансиска поддршка за граѓанските организации кои работат и дејствуваат на подрачјето на тамошната локална самоуправа.

Градоначалникот на општина Демир Хисар, Марјанче Стојаноски посочи дека средствата ќе бидат користени за финансирање на програмски активности во области од надлежност на општината.

– Граѓанскиот сектор помага во афирмацијата на Општината, поддршката што ја даваме на граѓанскиот сектор е јавна и транспарентна и затоа меѓусебно одлично соработуваме. Со распределбата на средствата всушност ние им помагаме за што поголема и директна вклученост на граѓанските опрганизации во програмите и проектите на општината, наведе Стојаноски.

Со одлука на општина Демир Хисар финансиски средства им се доделени на Здружението на граѓани „Оф роуд Демир Хисар“, Здружение за поддршка на манастирски и селски туризам и рекреативен спорт од село Слепче, планикарско горско спасителско друштво „АваКота 1050“, Здружение на дијабетичари „Сончева светлина“, Библиотека „Ал-Би“ од село Бабино, Здружение „Порака“, планинарско друштво Бигла-2013 и Здружение „Арт Поинт Гумно“ од село Слоештица.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител ќе поведе постапка за Психијатриската болница во Демир Хисар

Правници и архитекти раководат со Психијатриски болници: Кој ќе сноси одговорност за третирањето пациенти

Орце Костов

Мајката на аутистичното момче за „А1он“: „Едвај стои на нозе, предозиран е од лекови“

Орце Костов

Градоначалникот на Демир Хисар позитивен на Ковид-19

Во Ресен и Демир Хисар гласањето се одвива без пречки

Жарко Настоски

Публикација за културното, уметничкото и гастрономското богатство на Демир Хисар

Ана Ололовска