Општина Велес поради неработење на Градскиот базен обезбеди бесплатен превоз до езерото „Младост“

Од:

Општина Велес поради неработење на Градскиот базен за првпат годинава ќе обезбеди бесплатен превоз за граѓаните до езерото „Младост“ кај Велес.

Врз основа на интересот на граѓаните кои се обратиле до општината, како и врз спроведената анкета на порталот „Ти реков ми рече“, Општина Велес од сабота, 28 јули 2018 година, ќе организира бесплатен автобуски превоз до Езерото „Младост“.

Секоја сабота и недела, автобусот ќе поаѓа во 10 часот од постојката во населба „Тунел“. Автобусот ќе се движи на релација населба „Тунел“ (постојка „Багремче“) – трговски центар – постојка кај „Сако Трејд“ на улица „Благој Ѓорев“ – постојка спроти Народниот театар „ЈХК-Џинот“- постојка „С’рмаале“ кај јаворот на улица „8-ми Септември“, постојка на улица „Гоце Делчев“ спроти паркингот кај Основен Суд, постојка кај спортската сала „Гемиџии“ на улицата „Алексо Демниевски –Бауман“, постојка „Шорка“ – Брод „Панини“ езеро „Младост“.

Враќањето од езерото „Младост“ е во 18 часот од паркингот кај бродот „Панини“. Во случај на лоши временски услови автобусот нема да сообраќа.

Како што соопштуваат од Општина Велес во зависност од интересот на граѓаните за бесплатниот автобуски превоз, Општина Велес ќе организира бесплатен превоз до езерото секој ден во неделата.

Општина Велес го обезеди бесплатниот превоз до езерото „Младост“ затоа што годинава одлучи базенот што е во нејзина сопственост да не работи, бидејќи наодите на стручните лица од Институтот за земјотресно инжинерство од Скопје дале мислење дека базенот е ризичен за капачите. Бетонските плочи околу базенот се попуштени и кородирана е арматурата.

Градскиот базен во Велес е отворен во 1979 година и оттогаш не е направена поголема реконструкција, освен минимална преправки.

Според проценките на стручњаците зафатот ќе чини три милиони и 100 илјади денари од кои само за замена на армираните бетонски делови еден милион и 800 илјади денари.

На една од прес-конференциите градоначалникот Аце Коцевски посочи дека едно од решенијата за Градскиот базен повторно да работи е негова целосна реконструкција со можност и да се покрие и да се користи и во лето и во зима.

Би можело да ве интересира

Двајца велешани нападнале полицајци, насилниците завршиле во станица

Горан Наумовски

Измамема жена од Велес, останала без 600 евра

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Маж и жена шверцувале дрога на релација Скопје-Велес

Горан Наумовски

Се загади воздухот во Велес од пожарите на планините Мукос и Бабуна

Предраг Петровиќ