Општина Тетово објави повик за предлози за преименување на улиците

Од:

Општина Тетово на нивната веб-страница и на социјалните мрежи го објави повикот за прибирање предлози за преименување на улици кои веќе имаат определено име и именување на новите улици. Јавниот повик ќе трае еден месец, од денеска до 10 март 2025 година.

– Се известуваат и се повикуваат сите граѓани, правни лица, претставници на невладини организации, здруженија на граѓани и граѓански активисти што ги претставуваат различните групи на граѓани на подрачјето на Општина Тетово, заради обезбедување инклузивност и вклучување на јавноста, да учествуваат со достава на предлози за преименување на улици во Општина Тетово, кои веќе имаат определено име и именување на новите улици, се вели во повикот.

Граѓаните своите предлози може да ги поднесат преку три начини. Едниот е пополнување на прашалникот по електронски пат, односно користење на линк до прашалник поставен на веб-страницата на Општина Тетово.

Прашалникот може да се спушти во ПДФ формат и да се пополни па да се достави или преку пошта или лично во архивата на општината.

Би можело да ве интересира

Касами: Поддршката на aлбанската академија на науки и уметности е договорена

А1он

Двајца мажи му се заканувале на вработен во Општина Тетово

ВИДЕО: Изгоре складиран изборен материјал во пожар во подрумот на Општина Тетово

МОН: Наместо на политички игри во училиштата, општина Тетово да се фокусира на квалитетна настава

Вработените во општина Тетово незаконски заработиле 35.000 евра од хонорари кои ги потпишувал градоначалникот, утврди ревизијата

Катерина Ѓуровски

Општина Тетово со буџет од 26 милиони евра за 2022 и дефицит од над 500 илјади евра

А1он