Општина Маврово и Ростуше ќе го стимулира наталитетот

Од:

Општина Маврово и Ростуше во согласност со Програмата за здравствена, социјална заштита и заштита на деца на секое новородено дете, чии родители се со постојано живеалиште во oпштината ќе доделува еднократен паричен надоместок во висина од 5.000 денари.

– За оваа цел Советот на општината деновиве донесе едногласна одлука со важност од први јануари годинава. Во просек годишно во нашата општина има 80 до 90 новороденчиња, вели Фикрет Ибраими, портпарол на општина Маврово и Ростуше.

Сакам да дообјаснам, додава Ибраими, дека еднократна парична помош, ќе се доделува само за новороденчиња на семејства кои живеат постојано на територијата на општината Маврово – Ростуше, а не и на семејствата кои потекнуваат од овој крај, а живеат и работат во странство или во друга општина.

Досега, се пристигнати девет барања за надоместок.

– Со оваа акција, општина Маврово и Ростуше своето внимание го насочува не само кон родителите, туку и кон најмладите жители на Општината, укажувајќи на нивната важност како идни граѓани кои ќе придонесуваат за развојот на заедницата, посочува Ибраими.

Општината Маврово и Ростуше опфаќа 35 населени места, дел од нив се целосно исселени, а согласно последниот попис од 2002 година спроведен од страна на Државниот завод за статистика на Република Македонија има вкупно население од 8.618 жители.

Пред миграцискиот бран кој општината ја зафати по деведесеттите години од минатиот век бројот на населението бил двапати поголем. Една цела, ако не и побројна заедница на жители од оваа општина се во Германија, Швајцарија и Италија. Дел од поранешните жители на оваа општина мигрирале во Гостивар,Тетово и Скопје.

Би можело да ве интересира

Да се остранат возилата на патот скијачки центар Маврово – Бунец преку Никифорово и Леуново повика „Македонија пат“

На Попова Шапка 64 сантиметри снег, во Маврово 57, а во Крушево 36

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

Сообраќајот околу Мавровско езеро е нормализиран, уверува СВР Тетово, од Бунец до Леуново наизменично се пропуштаат возила

Катерина Ѓуровски

Огромна колона возила со часови заглавена кај Маврово

Катерина Ѓуровски

Слаб снег провејува во Пoпова Шапка, на планинскиот превој Стража и Маврово

Горан Наумовски