Општина Демир Хисар се вклучува во акцијата „Часот на планетата Земја“

Од:

Општина Демир Хисар ја поддржува и со повеќе програмски активности ќе се вклучи во акцијата „Часот на планетата Земја“, глобално еколошко движење поддржано од Обединетите Нации.

„Часот на планетата Земја“ е симболичен настан кој утре, на 24 март ќе се одбележува во многу градови и држави, поддржан од индивидуалци, бизниси, организации…, со цел да се подигне еколошката свест кај граѓаните, изјави за МИА, Даниел Станојоски, координатор на акцијата и лице за односи со јавност на општина Демир Хисар.

– Општина Демир Хисар се вклучува во Акцијата „Часот на планетата Земја“, како најголема светска еколошка акција за спас на планетата Земја. За таа цел општината во соработка со здружението за заштита на животната средина „Часот на планетата Земја“ и општинската организација на Црвен Крст, прв пат ќе организираме два официјални настана кои ќе се одржат утре, и тоа дневен настан под името „Дрвца за планетата Земја“, што ќе почне во 12 часот и на кој е планирано засадување на дрвца на две локации, во Спомен-паркот „Тоше Проевски“ и вечерен настан во 20.30 часот, со одбележување на „Часот на планетата Земја“, односно гасење на осветлувањето на истата локација, истакна Станојоски.

Акцијата во Демир Хисар ќе ја поддржат волонтерите на ОО на Црвен Крст кои утревечер за време на акцијата во своите раце ќе држат свеќички, лед светилки и флуоросцентни камчиња во формата на знакот 60+, а се очекува присуство и на други граѓани и јавни личности, информираат од тамошната локална самоуправа.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител ќе поведе постапка за Психијатриската болница во Демир Хисар

Правници и архитекти раководат со Психијатриски болници: Кој ќе сноси одговорност за третирањето пациенти

Орце Костов

Мајката на аутистичното момче за „А1он“: „Едвај стои на нозе, предозиран е од лекови“

Орце Костов

Градоначалникот на Демир Хисар позитивен на Ковид-19

Во Ресен и Демир Хисар гласањето се одвива без пречки

Жарко Настоски

Публикација за културното, уметничкото и гастрономското богатство на Демир Хисар

Ана Ололовска