Општина Демир Хисар се вклучи во акцијата „Часот на планетата Земја“

Од:

Општина Демир Хисар ја поддржа и се вклучи во акцијата „Часот на планетата Земја“.

Од секторот за односи со јавност на општина Демир Хисар информираат дека синоќа, точно во 20.30 часот, биле исклучени светилките во градот, а во Спомен паркот „Тоше Проески“ се одржал еко-час.

– Општина Демир Хисар се вклучи во акцијата „Часот на планетата Земја“ која освен локалната самоуправа предводена од градоначалникот Марјанче Стојановски, ја поддржаа Општинската организација на Црвен Крст, претставници на јавните претпријатија, локални јавни институции и граѓани. Согласно интернационалните препораки и ние во 20.30 часот го исклучивме осветлувањето во општината, а во спомен паркот запаливме свеќи кои го симболизираа бројот 60+, соопшти Даниел Станојоски, портпарол на општина Демир Хисар.

Во текот на вчерашниот ден, на 5 минути до 12 часот, во спомен паркот „Тоше Проески“, претставници на општината во соработка со здружението за заштита на животната средина „Часот на планетата Земја“ и општинската организација на Црвен Крст-Демир Хисар засадуваа дрвца.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител ќе поведе постапка за Психијатриската болница во Демир Хисар

Правници и архитекти раководат со Психијатриски болници: Кој ќе сноси одговорност за третирањето пациенти

Орце Костов

Мајката на аутистичното момче за „А1он“: „Едвај стои на нозе, предозиран е од лекови“

Орце Костов

Градоначалникот на Демир Хисар позитивен на Ковид-19

Во Ресен и Демир Хисар гласањето се одвива без пречки

Жарко Настоски

Публикација за културното, уметничкото и гастрономското богатство на Демир Хисар

Ана Ололовска