Општина Демир Хисар го прогласи св.Кипријан Слепченски за светител – заштитник на градот

Од:

Општина Демир Хисар го прогласи Св. Кипријан Слепченски за светител – заштитник, покровител и патрон на градот.

Со едногласната одлука на Советот на општина Демир Хисар, официјализирана е и потврдена иницијативата на неколку академици и професори, како и на преспанско пелагониската епархија која ја поддржа одлуката на општинските советници и градоначалникот Марјанче Стојановски.

Св.Кипријан Слепченски бил монах и игумен на манастирот во селото Слепче кој маченички настрадал во 1780 година. Во негово време, манастирот во Слепче доживеал голем духовен подем и со своите дела претставува една од најзнаменитите личности во историјата на манастирот, посочи во име на иницијаторите професорот Сашо Цветковски, на свечената седница што се одржа во конференциската сала на средното општинско училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар.

– Честит и вековит да ни е изборот на Св. Кипријан Слепченски за патрон и заштитник на нашиот град. Посакувам под покровителот Св. Кипријан Слепченски, секој жител на општина Демир Хисар да има здравје и благосостојба. Среќни сме сите што заеднички ја донесовме одлуката, рече меѓудругото градоначалникот Стојановски на свечената седница на Советот на општина Демир Хисар.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител ќе поведе постапка за Психијатриската болница во Демир Хисар

Правници и архитекти раководат со Психијатриски болници: Кој ќе сноси одговорност за третирањето пациенти

Орце Костов

Мајката на аутистичното момче за „А1он“: „Едвај стои на нозе, предозиран е од лекови“

Орце Костов

Градоначалникот на Демир Хисар позитивен на Ковид-19

Во Ресен и Демир Хисар гласањето се одвива без пречки

Жарко Настоски

Публикација за културното, уметничкото и гастрономското богатство на Демир Хисар

Ана Ололовска