Општина Делчево изработува Локален еколошки акциски план

Од:

Општина Делчево почна со изработка локален еколошки акциски план, кој се работи во соработка со Регионалниот центар за застапување, а целиот процес е финансиран од Владата.

Според Тони Стоименовски, советник од ЛЕР од Општина Делчево, проектот предвидува истражување на полето на животната средина.

– ЛЕАП е законска обврска на сите општини и се работи по методологија дадена од Министерството за животна средина, а во процесот се вклучени локалните заинтересирани страни, локални институции, НВО – организации и општината која треба да го донесе. Овој проект е појдовна точка за аплицирање на проекти за решавање проблеми од областа на животната средина, истакна Стоименовски.

Тој додаде дека целта е да се направи локална анализа до каде е животната средина во сите сегменти, водовод, канализација заштита од поплави.

– Планот треба да предвиди решавање и на инфраструктурни проблеми во наредните 4 години, квалитет на воздухот, водата, проблемите од биодиверзитетот. На локално ниво треба да работиме и на подигање на свеста на граѓаните за животната средина, бидејќи секое семејство може барем минимално да влијае на животната средина, рече Стоименовски.
Овој документ треба да се изработи до крајот на ноември, по што ќе се најде на усвојување од страна на општинскиот Совет.

Би можело да ве интересира

Маж од Делчево споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка

Жена од Делчево била следена ѝ добивала пораки со заканувачка содржина

Гужви за влез во Бугарија: Се чека по два часа, се пропуштаат само по неколку возила

А1он

Меџити: Следната недела ќе се расчисти случајот со починатата родилка од Делчево

А1он

Николовски, Бочварски и Шукова од Делчево: Вложуваме во подобар живот на граѓаните, градиме модерна инфрастуктура, нов затворен пазар, а се гради и филтер станицата обезбедувајќи чиста вода за пиење на делчевци

Предраг Петровиќ

Повеќе населби во Делчево без електрична енергија