Општина Делчево апелира да не се користат пиротехнички материјали

Од:

Одделението за превенција, заштита и спасување при општина Делчево ги известува своите граѓани, по повод новогодишните празници да не употребуваат пиротехнички средства, петарди, неовластено и нестручно правење огномети, бидејќи овие активности се казниви според Закон.

Кире Цонев, соработник за превенција, заштита и спасување во општина Делчево информира дека досегашната практика за масовна употреба на најразлична пиротехника треба да престане.

– Сведоци сме и за голем број повреди посебно кај децата од петарди. Затоа, испраќаме апел до граѓаните да не употребуваат пиротехнички средства со цел да се превенираат повреди, но и штети од поголеми размери. Известувањето е со цел заштита на животот, здравјето и имотот на граѓаните на општината, рече Цоневски.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Делчево: Нема никаква злоупотреба на службена положба, постапив според закон

А1он

Градоначалник на Делчево незаконски вработил лице кое по закон требало да биде пензионер

Поради сообраќајка во прекин е сообраќајот на патот Македонска Каменица – Делчево

Маж од Делчево на сопругата и на ќерката им испраќал заканувачки и невредливи пораки

Задутре времен застој на Г.П. „Делчево” заради градежни работи

Стан изгоре во пожар во Делчево