Општина Аеродром награди три идејни решенија за проектирање управна зграда

Од:

Од вкупно 22 избрани се три идејни решенија за проектирање управна зграда на Општина Аеродром. Трите решенија ќе добијат парични награди во висина од 300.000 денари за прво место, 100.000 денари за второ место и 50.000 денари за трето место.

-Општина Аеродром по 16 години постоење, конечно ќе добие своја зграда. Тоа е од исклучително значење затоа што со нејзината изградба веќе нема да се плаќа висок месечен наем, а исто така и аеродромци ќе добијат пристојни услови каде што ќе можат да ги добијат сите граѓански услуги. Зградата ќе биде нова препознатлива точка отворена за сите и ќе претставува нов дом на сите аеродромци, вели градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин.

Додава дека новата зграда има цел да ги зближи аеродромци, преку отвореност, комуникација и динамична атмосфера со која се создава чувство на заедништво.

Како што информираат од општината зградата, покрај административниот дел, ќе содржи и мултифунционален центар за собири на граѓани каде што ќе можат да се организираат средби, венчавки и друг тип културни настани, интрегрирана подрачна единица и други простории што ќе бидат отворени за граѓаните.

Наградените решенија се избрани од страна на комисија составена од претседателот проф. д-р Страхиња Трпески, членовите Дејан Чадиќ и Зоран Пауноски.

Би можело да ве интересира

Поради магла откажани дел од летовите на Скопскиот аеродром

Дечко и девојка се истепале пред кафеана во Аеродром

Аеродромот во Дамаск повторно отворен за меѓународни летови

Аеродромите во Сочи и Казан затворени од безбедносни причини

Запален „цитроен“ во скопски Аеродром, од пожарот опожарено е и возило „киа“

МВР: Уапсено е момче кое во Аеродром се истепало со двајца малолетници