Граѓаните на Кавадарци денеска ќе излезат на маршот организиран од здружената опозиција „Сојуз за иднината“, кој вечерва започнува во 17.30 часот, а триесетина минути подоцна започнува Граѓанскиот парламент.
На Граѓанскиот парламент во 18 часот ќе говорат Диме Станоев, експертот за земјоделие Петар Мелов, пратеникот Борче Ставров и кандидатот на здружената опозиција за градоначалник на Кавадарци, Бетиан Китев.