Здружената опозиција вечерва во Кичево, ќе одржи протестен марш, кој ќе започне во 17:30 часот.
По завршување на маршот, ќе започне вечерашниот Граѓански парламент на кој ќе говорат стечајниот работник Спасе Србиноски, Владимир Јовески од СДММ, Раде Милошоски од Обединети за Македонија и Бранко Црвенковски, претседател на СДСМ.