Опожарени два автомобила во Скопје, нема повредени

Од:

Два автомобили изгореа во изминатите 24 часа во Скопје.

Во СВР – Скопје утрово, во 2.25 часот, било пријавено дека на булевар „Видое Смилевски – Бато“ во Скопје настанал пожар во возило „фолксваген голф“, сопственост на Е.Д.(38) од Скопје.

– Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема, се наведува во билтенот на МВР.

Во вториот случај, пак, утрово во 3.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во дворот на Б.Л.(48) од скопското село Кадино, општина Илинден, настанал пожар во неговото возило „фиат 500“.

Сопственикот сам го изгаснал пожарот, а во два инциденти нема повредени лица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Запалени три возила во Аеродром, штетат е голема, полицијата уапси двајца пиромани

Горан Наумовски

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

Во Центар изгореа четири возила

Во Битола ноќеска беа опожарени „тојота“, „фолксваген пасат“ и „дачиа логан“

Полицијата уапси пироман кој опожари две возила во кругот на струмичката болница

Изгореа три паркирани возила во Индустриската зона во Желино