Оливер Андонов поставен за директор на ЈП „Јасен“

Од:

Оливер Андонов ќе раководи со Јасен, неофицијално дознава А1он. Ова назначување доаѓа токму во момент кога шумскиот резерват Јасен и воено инфраструктурните објекти таму беа спомнати од неделникот „Фокус“ како место од каде ќе се командува со апсење на „пучистите“ по прогласување на вонредна состојба.

Според пишувањето на „Фокус“ постои план Ѓорге Иванов да прогласи вонредна состојба доколку мнозинството во парламентот избере спикер, а потоа и нова влада. Весникот пишуваше дека Иванов неодамна бил во мисија на подготовка на објектите за сместување на Груевски Иванов и нивните семејства за време на евентуална воена состојба.

Оливер Андонов еден ден беше министер за внатрешни работи, а потоа беше заменик на министерот Оливер Спасовски и важи за човек од доверба на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Дождот го изгасна пожарот во „Јасен“

А1он

Затворен е патот Македонски Брод – Скопје поради пожар во „Јасен“

Со денови трае макотрпната битка со пожарот во ловиштето „Јасен“

Горан Наумовски

Поради пожар затворен е патот Македонски Брод – Скопје

Активен е само пожарот во „Јасен“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелов: Пожарникарите ноќва ќе ги бранат објектите на Јавното претпријатие „Јасен“

Горан Наумовски