Околу 60 ученици сместени во ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ“ во Куманово

Од:

Шеесетина ученици од селата од Кумановско и од општините Кратово, Крива Паланка и Старо Нагоричане се запишани во ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ“ во Куманово, информираат од образовната установа.

– Јавната установа е подготвена за почеток на учебната година за прием и сместување на учениците кои одбрале да учат во една од насоките на петте средни училишта во градот, објаснуваат надлежните.

– Бројот на ученици секоја година се намалува, како во средните училишта, така што тоа се рефлектира и кај нас. Дополнително, дел од учениците одлучуваат да останат и дома бидејќи се воведени автобуски линии од одредени населени места до средните училишта, директорот на ученичкиот дом Љубица Павловски.

Учениците кои се запишале во првиот и вториот уписен рок ќе се сместат на почетокот на учебната година.

– Како воспитно-образовна установа, согласно правилата на интернатот овозможуваме постојана помош за образованието на учениците. Анагажираме и професори за дополнителна настава по одредени предмети за кои учениците покажуваат потреба во текот на учебната година, изјави Павловски.

Според надлежните, условите за изведување настава и домување ги задовуваат потребите на учениците. Интернатот располага со библиотека, кабинети и простор за рекреација.

– Учениците се под постојан надзор на воспитувачите. Освен за учење, интернатот нуди и можност за воннаставни и спортски активности, додаде Павловски.

Сместувањето на учениците во ученичкиот дом го финансира Министерството за образование и наука. Проектираниот капацитет на „Професор Мијалковиќ“ во Куманово е 120 ученици.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование