ВИДЕО: Околу 150 килограми дрога пронајдени во Арачиново

Од:

Основното јавно обвинителство – Скопје во координација со Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија и Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, извршија претрес на дом и други простории во скопско Арачиново, поради сомнение за сторено кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори казниво согласно чл.215 од Кривичниот законик на РМ.

Имено, на 08.01.2018 година, по претходно добиени оперативни сознанија, а врз основа на издадена Наредба за претрес, извршен е претрес во домот и другите простории кај две лица, при што се пронајдени различни пакувања со околу 150 килограми разновидни материи, за кои се претпоставува дека се наркотични дроги.

По наредба на надлежен јавен обвинител, пронајдените материи се предадени на вештачење на Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења при МВР.​

Би можело да ве интересира

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват

Марихуана, кокаин и прашкасти материи се пронајдени на повеќе локации, приведени се пет лица

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он

Во близина на „Ќафасан“ уапсен е голем дилер на дрога од Гостивар

МВР: Извршени се 47 претреси, уапсени се 16 лица, запленета е дрога, оружје и муниција

Горан Наумовски

Уапсени се сопружници од Кочани и велешанец кај кои е пронајдена дрога