А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ОЈО нареди истрага против девет лица за легализација бесправно изградени објекти

by А1он01/11/2017 - 16:16144
Share0

Скопското Јавно обвинителство донесе наредба за истрага против девет лица осомничени дека во 2014 година постапиле незаконски при одлучувањето во постапки за поднесени барања за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, со што нанеле штета во висина од 4.100.090 денари.

Добивај вести на вибер

– Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против девет лица и тоа: за едно лице за сторени две кривични дела – Несовесно работење во службата од чл.353в ст.3 во врска со ст.1 и од чл. 353в ст.2 од Кривичниот законик, за две лица за сторено кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од чл. 353 ст.3 од Кривичниот законик, за едно лице за сторени две кривични дела Злоупотреба на службена положба и овластување од чл. 353 ст.3 и од чл.353. ст.2 од Кривичниот законик, за едно лице за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од чл.353. ст.2 од Кривичниот законик, за едно лице за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од чл.353. ст.2 во врска со чл.23 од Кривичниот законик, за три лица за сторено Кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од чл.353. ст.3 во врска со ст.1 и во врска со чл.23 од Кривичниот законик, соопшти попладнево Обвинителството.

Лицата, како што се наведува во соопштението, се осомничени дека во 2014 година постапиле незаконски при одлучувањето во постапки за поднесени барања за утврдување на правен статус на бесправни објекти, со што нанеле штета во висина од 4.100.090 денари.

– Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка поднесе и Предлог за определување мерки за обезбедување за шестмина од осомничените. Како мерки за обезбедување се предложени: забрана за напуштање на живеалиште, обврска да се јавуваат во суд и одземање на патна исправа, велат од ОЈО Скопје.

ojo

Би можело да ве интересира

ОЈО бара притвор за тројца од четворицата осомничени за поседување нелегално оружје во Брвеница

А1он30/01/2026 - 18:17

Обвинение за 13 полицајци за пожарот во „Пулс“ во Кочани

А1он30/01/2026 - 17:31

Анел Фидоски е избран за јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје

Горан Наумовски20/01/2026 - 12:0520/01/2026 - 12:16

Избор на нов обвинител на ОЈО Скопје: Бубевски повторно во трка

Горан Наумовски20/01/2026 - 07:5320/01/2026 - 10:33

Финансиски криминал: 20 лица под истрага за штета од речиси пет милиони евра

Горан Наумовски16/01/2026 - 13:15

Тополова-Исајловска едногласно именувана за вршител на должност Државен јавен обвинител

Горан Наумовски22/12/2025 - 11:5122/12/2025 - 12:10
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен