ОЈО издаде наредба за утврдување на сторителот на наводно неовластено снимање на пратеник

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје, по примено известување за неовластено снимање од пратеник, издало наредба за утврдување на идентитетот на таксистот кој наводно извршил снимање на разговор, да се направат проверки од кое лице евентуално била нарачувана наркотична дрога и преку меѓународни инструменти да се провери сопственикот на профилот на руската социјална мрежа vkontakte.

Од ОЈО информираат дека пратеник во Собранието на Република Северна Македонија на 15 мај годинава во Полициска станица Центар пријавил „неовластено прислушување и тонско снимање“ од непознат сторител.

Според наводите во пријавата, на неодреден датум во периодот од март до мај годинава, додека се превезувал со такси возило од неидентификувана компанија и разговарал на мобилен телефон, пратеникот неовластено бил сниман од возачот на такси возилото. Разговорот потоа бил објавен на Youtube профилот Бомби 2019 како и на руската социјална мрежа vkontakte.

По приемот на ова известување од страна на надлежен јавен обвинител веднаш било изготвено барање за доставување податоци до Youtube кои се однесуваат на комплетни логови за наведениот профил, ИП адреси користени за пристапување и најавување на тој профил, како и ИП адреса од која е креиран профилот.

–   До МВР е доставена Наредба за да бидат направени проверки околу утврдување на идентитетот на таксистот кој наводно извршил снимање на разговорот, да се направат проверки од кое лице евентуално била нарачувана наркотична дрога и за кое лице била нарачувана. Министерството за внатрешни работи преку меѓународните инструменти кои ги користи ќе треба да направи проверки и за тоа кој е сопственик на профилот на руската социјална мрежа vkontakte, се наведува во соопштението од ОЈО.

Од ОЈО, информираат дека доколку се утврди идентитетот на сторителот и се обезбедат законити докази, МВР треба да поднесе кривична пријава до Обвинителството.

Би можело да ве интересира

ОЈО бара мерки за претпазливост за последниот 19-ти осомничен со кого е проширена истрагата за пожарот во Кочани

А1он

Обвинителството бара продолжување на мерките притвор и куќен притвор за сите осомничени за пожарот во Кочани

А1он

24-годишен маж крвнички ги истепал децата на партнерката, едно дете е во животна опасност

Во влез од зграда во Скопје нападна и допираше девојка, ОЈО отвори постапка

А1он

Четворица обвинети за пукањето во близина на зградата на Општина Чаир

Падна и последниот осомничен во предметот „Планина“

А1он