ОЈО Гостивар нареди обдукција и на вториот труп пронајден на Бистра

Од:

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство – Гостивар е на лице место и врши увид на локацијата на падините на Бистра, во близина на селото Гари, каде што попладнево беше пронајдено уште едно мртво тело.

Како што информираат од ЈО на РМ, надлежниот обвинител веднаш издал наредба за обдукција на пронајденото тело, која ќе се врши на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија во Скопје.

– Во меѓувреме, Основното јавно обвинителство – Гостивар ги очекува резултатите од обдукцијата на првопронајдениот машки труп во распаѓање, за кого првичните сознанија упатуваа дека е еден од двете исчезнати лица – татко и син, по кои неколку дена интензивно се трагаше на Бистра, соопшто ЈО на РМ.

Оттаму прецизираат дека реултатите од обдукцијата треба да го утврдат точниот идентитет, како и да ги расветлат причините за смртта на двете лица.

По добивањето на официјалните резултати од Институт за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, Основното јавно обвинителство – Гостивар ќе ја информира јавноста.

Би можело да ве интересира

ОЈО бара притвор за тројца од четворицата осомничени за поседување нелегално оружје во Брвеница

А1он

Обвинение за 13 полицајци за пожарот во „Пулс“ во Кочани

А1он

Анел Фидоски е избран за јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје

Горан Наумовски

Избор на нов обвинител на ОЈО Скопје: Бубевски повторно во трка

Горан Наумовски

Финансиски криминал: 20 лица под истрага за штета од речиси пет милиони евра

Тополова-Исајловска едногласно именувана за вршител на должност Државен јавен обвинител

Горан Наумовски