Полициски службеници од СВР Скопје ги привеле А.М.(39) и А.С.(28), двајцата од Скопје, по пријава од 74-годишна скопјанка дека претходно, околу 13:05 часот на мостот „Гоце Делчев“, со употреба на физичка сила ѝ го одзеле накитот што го носела.
Одземениот накит е пронајден и ќе ѝ биде вратен на сопственичката, а по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
