Ограбена дебарската црква „Успение на Пресвета Богордица“

Од:

Ограбена е црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во стариот дел на Дебар. Како што информира намесникот на Дебарската парохија Благоја Спироски, непознати сторители одзеле 4.000 денари. Насилно влегле, со употреба на хебла, поради што е предизвикана и поголема материјална штета.

– Кражбата денеска попладне ја забележал Никола Андоновски, член на Црковсниот одбор, кога дошол да го запали кандило. Украдени се пари и направена е поголема материјална штета, најмногу на вратите, главната влезна, на тремот и втората преку која се влегува во црквата, изјави Спироски.

Допрва ќе се утврдува дали е украдено уште нешто од црквата.

„Успение на Пресвета Богородица“ во септември и октовмри 2012 година беше двапати ограбена. Одземени беа повеќе од триесет вредни икони, платнена плаштеница стара 200-300 години и околу 15.000 денари.

Црквата е од 11. век и некогаш била седиште на митрополија.

Би можело да ве интересира

Став на Мицкоски за случајот „Галате“: Ваков тип на инциденти ќе има и во периодот кој што следи

Жителите на Галате бараат мирно решение на случајот и се оградуваат од настаните

Горан Наумовски

Случај црква Св. Петка во Галате: Обвинителство демантира дека издало наредба за приведување

Горан Наумовски

Хрват и радовишанка сакале да ограбат црква, со нож му се заканувале на клисарот

Горан Наумовски

Вандализирана црквата „Свети Атанасиј“ на тетовско Кале

На црква на тетовско Кале поставено знаме на Албанија

Горан Наумовски