Завчера во времето од 16,20 до 06,30 часот во М.Каменица, на ул.„М.М.Брицо“, во црквата „Св.Успение Пресвета Богородица“, засега непознат сторител извршил тешка кражба, при што одзел 131.000 денари во разни апоени.
Имено, сторителот насилно влегол во црквата, извршил пребарување ги одзел парите и напуштил лице место.Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР-Штип.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.