Ограбена црква во тетовско Радиовце

Од:

Шест илјади денари штета била причинета по кражбата што засега непознати сторители ја извршиле во црквата „Свети Атанасије“ во тетовското село Радиовце, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според неговите податоци кражбата што била извршена ноќта помеѓу понеделник и вторник била пријавена вчера од Б.А.(69) од Радиовце.

– Засега непознатите сторители најпрво го скршиле стаклото од црквата, влегле внатре и од масата за свеќи одзеле 2.500 денари како и уште 1.000 денари што биле оставени на две икони. Покрај ова од плакар во внатрешноста одзеле и ДВД причинувајќи вкупна материјална штета што се проценува на 6.000 денари, рече Јосифовски.

Додаде дека по извршениот увид се превземаат мерки и активности за целосно расветлување на пријавениот случај и за откривање на сторителите.

Би можело да ве интересира

Став на Мицкоски за случајот „Галате“: Ваков тип на инциденти ќе има и во периодот кој што следи

Жителите на Галате бараат мирно решение на случајот и се оградуваат од настаните

Горан Наумовски

Случај црква Св. Петка во Галате: Обвинителство демантира дека издало наредба за приведување

Горан Наумовски

Хрват и радовишанка сакале да ограбат црква, со нож му се заканувале на клисарот

Горан Наумовски

Вандализирана црквата „Свети Атанасиј“ на тетовско Кале

На црква на тетовско Кале поставено знаме на Албанија

Горан Наумовски