Нова црква во струшко мета на крадци-Св. Богородица која се наоѓа во селото Дренок непосредно до албанската граница. Арамијата влегол насилно преку влезната врата и однел 2.000 денари и позлатен крст.
„Во април 2010-та речиси сите оргинали се повлечени од овој регион и складирани во депо токму поради тоа што црквите беа мета на арамии. Црковниот одбор во Лазараполе не прифати иконите стари со децении да бидат повлечени. Не прифатија ниту поставување на обезбедување и затоа останавме без икони стари со децении и со непроценлива вредност. Копиите во Дренок-сега ограбената црква имаат вредност од 10.000 до 12.000 денари, изјави за А1он д-р Сашо Цветковски директор на струшкиот музеј.
Пролетва опустошена беше и црквата Св. Георгиј во Лазарополе. Тогаш веста за грабежот ја објавија монасите од манастирот Св. Јован Бигорски, кој ја запознаа јавноста за пустошот и крадењето на икони од петнесетиот век со непроценлива вредност.
Се почестата појава на ограбување на црквите го отвори прашањето колку МПЦ и државата се грижат да се зачуваат иконите стари со векови. Полицијата за минатата година но и на почетокот од оваа регистрирала 102 кражби а украдени се 144 икони меѓу кои и оние од Св. Георгиј од црквата од Лазарополе кои сеуште не се пронајдени, а ниту и арамиите.
И додека се пустошеа црквите преставниците на МПЦ-ОА молчеа. Организираа состаноци со Заводот за заштита на културното наследство, но малку од договореното се имплементираше. Но за партиски цели владиците се екипираат и изнесуваат политички ставови за одредени прашања што ги тангира политичарите.
Последниот пример е кога во екот на кражбите неколку великодостојници протестираа за наводно уривање црква од страна на општина Центар, а на прашања како да се заштити пустошењето на црквите, и со колкав буџет располага МПЦ-ОА никој од великодостојниците не одговараше.
Бојан Стојановски