А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Одржана првата проба во новата театарска зграда во Велес

by А1он24/10/2014 - 14:32129
Share0

Во новата зграда на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес денеска се одржа првата проба за претставата комедијата „Најважната работа на светот“ по текст на Братислав Димитров, во режија на Љубиша Георгиевски.

Добивај вести на вибер

Во претставата игра комплетната актерска екипа на велешкиот театар, а гости во претставата се Благоја Чоревски и Ирена Ристиќ. Костимите ги работи Невена Георгиевска, сценографијата Валентин Светозарев.

Јордан Витанов директор на велешкиот театар на денешната прес- конференција изрази надеж дека оваа прва проба ќе остане долго во сеќавање, а премиерата, информира, се очекува да се случи во декември годинава.

Братислав Димитров автор на текстот изјави дека е среќен што третпат работи во овој театар кој, според него, има навистина гурмански апетит за правење претстави.

– Среќен сум што и мојот професор Љубиша Георгиевски го режира овој текст, особено заради неговата навистина свежа, луцидна, радикална концепција, рече Братислав Димитров.

veles

Би можело да ве интересира

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски24/02/2026 - 09:2324/02/2026 - 15:18

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес

Горан Наумовски20/02/2026 - 17:32

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски19/02/2026 - 07:1019/02/2026 - 07:11

Во велешката болница донесено е починато 6-годишно дете од Градско

А1он23/01/2026 - 17:3023/01/2026 - 17:44

Велешанец е пронајден мртов во семејниот дом

Горан Наумовски09/12/2025 - 14:55

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило затворен автопатот Велес-Градско

Катерина Ѓуровски05/11/2025 - 08:24
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен