Одложен судењето за кражбата од Музејот на Македонија

Од:

Судењето за случајот „Кражба во Музеј на Македонија“ во Основниот суд Скопје 1 денеска е одложено по барање на одбраната, бидејќи не ги добила доказите добиени во предистражна постапка. Новото рочиште е закажано за еден месец. Дотогаш адвокатите треба да ги прибават списите за предметот од Обвинителството и да се подготват за рочиштето.

Со обвинението се опфатени седум лица, меѓу кои и поранешниот директор на Музејот.

Од Музејот недостигаат околу 166 артефакти, а обвинетите се товарат за отуѓување културно наследство од особено значење во држава сопственост, несовесно работење во службата и злоупотреба на службената положба и овластување и прикривање.

Осомничените, според обвинението, ги изнесувале вредните предмети од депоата на Музејот и ги препродавале во златарница.

Би можело да ве интересира

Паско Кузман осуден на 3 години затвор

Ана Ололовска

Три години затвор за Паско Кузман

Емир Латифовиќ

Обвинетите за кражбата во Музејот на Македонија денеска во суд

Емир Латифовиќ

Германија одби да го испорача Шекуларац обвинет во „Фаланга 2“

Ана Ололовска

Притвор за седумте приведени за кражбата во Музејот на Македонја

Ана Ололовска

Директорите од Музеј на Македонија во договор со златар правеле реплики на украдените предмети

Емир Латифовиќ