Црвениот крст на Република Македонија се вклучува во во одбележување на 14 Јуни, Светски ден на крводарителство, чие годинешно мото е „Не чекај да се случи несреќа. Што може да сториш? Дарувај крв. Дарувај сега. Дарувај често“.
Централниот настан ќе се одржи пред спомен куќата на Мајка Тереза, каде ќе бидат им бидат поделени информативни и едукативни материјали на минувачите.
На настанот да биде присутна и екипа од Институтот за Трансфузиска медицина која на граѓаните кои се заинтересирани ќе им ја одредува крвната група.
Ќе биде организиран и квиз, со награди како мотивација за оние кои знаат најмногу за крводарителството.