По повод одбележувањето на Европскиот ден за дарување органи и ткива за трансплантација денеска Здружението на бубрежно болни граѓани „НЕФРОН“ организира настан на тема „Зборуваш ли донорски? Дарувај орган – подари живот!“.
– Донирањето органи не смее да биде табу тема во ниедно општество. Тоа е и идејата на креаторите на овој ден кои под покровителство на Советот на Европа секоја година во различна земја членка спроведуваат проекти за промоција на органодарителството и осигурување на информации за дарување на органи во насока на зголемување на бројот на дарители, велат од Здружението „НЕФРОН“.
Во Македонија забележителни резултати има со трансплантацијата на бубрези од жив донор.